СЕ СПРЕМАМЕ ЗА ВТОР БРАН КОВИД-19, СЕКАДЕ СЕ ОПРЕМУВААТ ОДДЕЛЕНИЈАТА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, ИЗЈАВИ ФИЛИПЧЕ

    СЕ СПРЕМАМЕ ЗА ВТОР БРАН КОВИД-19, СЕКАДЕ СЕ ОПРЕМУВААТ ОДДЕЛЕНИЈАТА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, ИЗЈАВИ ФИЛИПЧЕМинистерот за здравство кажа дека сите досегашни студии покажуваат дека вирусот КОВИД-19 ќе има втор бран. Редици пред Хируршките клиники во Скопје (Фото: К. Попов)

    Одделенијата за интензивна нега во здравствените установи низ земјава се опремуваат и зајакнуваат, во пресрет на вториот бран кој се очекува наесен, најави министерот за здравство Венко Филипче. Според него, сите досегашни студии покажуваат дека вирусот ќе има втор бран.

    „По констултации со повеќе земји и со Светската здравствена организација (СЗО) се подготвуваме за вториот бран. Започнуваме голема инвестиција во здравствениот систем и ги зајакнуваме одделенијата за интензивна нега. Ќе го дочекаме бранот наесен целосно подготвени“, кажа Филипче.

    Според него, вирусот е присутен, никој не е имун, и ќе биде тука сѐ додека не се стекне колективен имунитет.

    Министерот кажа дека ќе им се додели парична награда на сите здравствени и нездравствени работници кои биле директно вклучени во борбата со коронавирусот и кои биле во близок контакт со заболени лица од КОВИД-19. Тие ќе добијат зголемување на основната плата за 20 проценти во период од два месеца.

    „Никој нема да биде изоставен. Информација за начинот на исплата ќе обезбеди Министерството за финансии“, додаде тој.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира