20 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 744 ТЕСТОВИ, ПОЧИНА 63-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ

    20 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 744 ТЕСТОВИ, ПОЧИНА 63-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦВо ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63), примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на КОВИД-19, потврден позитивен еден ден подоцна. (Фото: СДК.МК)

    Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Институтот за јавно здравје. Од нив, 16 се од Скопје и по два од Куманово и Прилеп. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63), примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на КОВИД-19, потврден позитивен еден ден подоцна.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 355 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи преку центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје.

    Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на КОВИД-19, а со скринингот направени се 2.060 тестирања и регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

    Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, бројката на оздравени пациенти е 1.411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 24 оздравени пациенти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира