ОБЕДИНЕТИ ДИРЕКТОРИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:151:"Зоштодаувезувамеисламскифундаментализамкогаможемедагопроизведувамедома?

    1. Како ја најавуваа специјалната седница на Собранието, на која премиерот ги бранеше реформите на Владата, си помислив дека пратениците не ќе можат три дена и три ноќи да припарат надвор од зградата и дека ќе се испотепаат кој попрв да стигне до говорницата. Арно ама, тие воделе дискусии по парламентар­ните групи. А на седницата отворена за јавноста испратија два-тројца платени од име на партиите да дадат поддршка и брзо-брзо се разотидоа. Зошто да чекаат?
    Најактивен придонес во расправата, како и досега, дадоа социјалистичките директори. Само – надвор од салата. За време на седницата се однесуваа како и што им доликува.
    Можеш, ти Бранко, да си збориш што сакаш, ние ќе си тераме по свое. Уште утре ќе викнам неколку новинари да им кажам дека курсот на денарот нé уништи. А и концептов на приватизација нешто не ми се допаѓа. Плус, малку е збркана работава и со преструктуирањето на загубарите. Не ќе е лошо да ни се случи некое штрајкче со глад. Уште и ако дојдат пред Владата – полна капа. Патем, чекај, на оние од Стопанската комора да им предложам да организираат уште една-две тури до Белград. Остави го овој нека се занесува дека прави држава. Ако не му успее реформата, ние и онака нема да бидеме виновни. Си ја одмолчив­ме седницата, ние сме – за, тој немаше храброст да им каже на сите што му пра­виме. Освен тоа, кога ги правеа списоците за кандидати за пратеници знаеше дека сме директори на социјалистички фирми. А богамии силни сме. Обединети. Нé има доволно во сите три партии од Сојузот…

    2. Што се однесува до пратениците  Албанци, тие го немаа истиот проблем. Што има да се секираат за реформа, кога таа се спроведува во Македонија. Кога ќе си прават реформи во својата држава, ќе си одат на специјални седници. Сега се зафатени со многу посериозни државотворни проблеми. Настрана што допрва треба да школуваат кадри.
    Голема работа! Нив никаде ги немаше ни за референдумот, ни за Уставот, ни за пописот, па сега ќе губат време на седница за економска реформа.

    3. Најзначаен културен настан во изминатата недела беше положувањето камен темелник за изградба на Исламски факултет во скопското село Кондово. На него присуствуваше и министерот за култура Ештреф Алиу. Факултетот ќе се гради со одлука на Владата. Наводно, на тој начин ќе се избегнело македонските граѓани со исламска вероисповед да одат да студираат по Саудиски Арабии и Либии, па оттаму да ни внесуваат фундаментализам. Што е сосема во согласност со новите економски реформи. Зошто да увезуваме исламски фундаментализам кога можеме да си го правиме дома.
    Освен тоа, Македонија на овој начин уште еднаш ќе се промовира како центар на Балканот. Малку ни се нелегални доселеници од Косово. Сега ќе се отвориме и за студенти по исламски науки, не само од Косово, туку и од Санџак, од Босна, од Албанија…

    4. Вчера Бугарија го славеше својот национален празник. И како што е редот, по повод националниот празник на соседот, телеграми со честитки испратија и претседателот Киро Глигоров, и премиерот Бранко Црвенковски, и министерот за надворешни работи Стево Црвенковски.
    Паралелно со протоколарната вест за честитките медиумите објавија и што всушност слави Бугарија. Имено, на 3 март 1878 година беше склучен Сансте­фан­скиот мировен договор, според кој Кнежевството Бугарија требаше да се прошири, опфаќајќи ја територијата на цела Македонија.
    Согласно на политиката на еквидистанца кон соседите, за очекување е Глигоров и двајцата Црвенковци да испратат телеграми со честитки до СР Југо­славија на 1 декември, кога таа ќе го слави формирањето на Кралството на СХС.
    Ако се земе ова предвид, тогаш не се работи за гаф на службите задолжени за пишување честитки. Напротив, ова е смислена финта како да се скараат Србија и Бугарија. И во Кралството на СХС и во неотсонуваната санстефанска Бугарија територијата на денешна Република Македонија беше во нивниот состав.

    5. Интересно, секогаш кога нешто ќе зачкрипи со Албанците, па уште и гарнирано со отпори кон економската реформа, се јавуваат загрозените Срби. Прво Бора Ристиќ направи шоу, најавувајќи го своето дејствување како политичка герила во Македонија. По два дена и Српската црква од Белград, заедно со претсе­да­телот на Здружението на Србите и Црногорците во Македонија, ја разгледувала положбата на Србите кај нас и дошле до заклучок дека тие ги немаат правата што ги имаат сите други жители.
    Па нормално е дека Србите се загрозени, кога ТВ “Сител” само два пати ја емитуваше репортажата од свадбата на воениот злосторник Аркан и фолк-пејачката Цеца. А и на другите приватни радио и ТВ станици на две-три српски новокомпонирки ќе се појави и понекоја македонска. И замислете – во книжар­ниците покрај српски, има и понекоја македонска книга, а и во трафиките покрај сите “Политикини” изданија може да се најде и понекој весник на македонски јазик.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира