„ЊУЈОРК ТАЈМС“ ЈА ИСПОЛНИ НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА СО ИМИЊАТА НА ПОЧИНАТИТЕ ОД КОВИД-19 ВО САД

    „ЊУЈОРК ТАЈМС“ ЈА ИСПОЛНИ НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА СО ИМИЊАТА НА ПОЧИНАТИТЕ ОД КОВИД-19 ВО САДВесникот на овој начин сакал да го одбележи трагичниот факт дека САД се ближат кон 100.000 починати од коронавирусот (Фото: Њујорк тајмс)

    Додека САД се ближат кон бројката од 100.000 починати од КОВИД-19, весникот „Њујорк тајмс“ ја исполни својата насловна страница со некролози посветени на американски жртви на вирусот.

    Појаснувајќи дека целта на овој потег била да ги нагласат раширеноста и различноста на трагедијата, на насловната страница се наведени само имиња и лични податоци преземени од некролозите објавени низ САД.

    „САД се ближат кон 100.000 мртви, непресметлива загуба. Тие не беа само имиња на листа, тие беа дел од нас“, напиша весникот во прилог на насловната страница.

    Листата која продолжува и внатре во весникот содржи речиси 1.000 имиња, што е само мал дел од вкупната загуба на животи низ САД од почетокот на епидемијата. Според универзитетот Џонс Хопкинс, во САД досега починале 97.000 луѓе, убедливо најмногу на светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира