37 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 508 ТЕСТОВИ, ПРВ ПОЗИТИВЕН СЛУЧАЈ ОД СКРИНИНГОТ ВО ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОД

    37 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 508 ТЕСТОВИ, ПРВ ПОЗИТИВЕН СЛУЧАЈ ОД СКРИНИНГОТ ВО ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОДДосега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на КОВИД-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во изминатите 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус, објави Министерството за здравство. Новозаболените лица се од  Скопје 12,  Куманово 8,  Штип 2, Прилеп 2, Тетово 7, Струга 4 и двајца во Охрид. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на КОВИД-19.

    Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на коронавирус, а регистрирани се три позитивни случаи на КОВИД-19.

    Досега, во земјава се направени вкупно 25.270 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

    – Скопје 2
    – Прилеп 7
    – Велес 2

    Со ова, вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 1.978, од кои оздравени се 1422, починати се 113, а активни се 443.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира