ГРЦИЈА ДОЗВОЛИ ДА СЕ ПАТУВА НА ОСТРОВИТЕ

    ГРЦИЈА ДОЗВОЛИ ДА СЕ ПАТУВА НА ОСТРОВИТЕТраектите беа во застој од средина на март (Фото: Екатимерини)

    Грција ја укина забраната за патување на острови, додека земјата продолжува да се отвора со цел да му помогне на туризмот.

    По повеќе од два месеца застој, траектите од денеска повторно возат кон сите грчки острови и пристаништа, како дел од четвртата фаза на излегувањето на земјата од карантинот. На бродовите притоа ќе мора да се почитуваат некои строги правила, како социјална дистанца, а патниците ќе пополнуваат здравствен прашалник и ќе им се мери температура. Траектите кон Италија засега не се пуштени во промет, што се очекува од 1 јуни.

    Премиерот Кирјакос Мицотакис објави дека туристичката сезона во Грција почнува на 15 јуни, при што странските туристи нема да одат во карантин по влегувањето во земјата, но властите го задржуваат правото да прават тестови за коронавирус по случаен избор.

    Од 1 јули продолжуваат и меѓународните летови кон Грција и се отвораат сезонските хотели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира