ВО ШТИП ТРОЈЦА НОВОЗАБОЛЕНИ СО КОРОНАВИРУС, ДОКТОР ВО ПРИВАТНА ОРДИНАЦИЈА И ДВЕ ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЧКИ

    ВО ШТИП ТРОЈЦА НОВОЗАБОЛЕНИ СО КОРОНАВИРУС, ДОКТОР ВО ПРИВАТНА ОРДИНАЦИЈА И ДВЕ ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЧКИВо Центарот за јавно здравје во Штип ги потврдуваат случаите, но нагласуваат дека докторот и текстилките немале никаква врска затоа што тие имале сосема друг матичен доктор; - Инфективното одделение на Штипската болница. (Фото: СДК.МК)

    Новозаболениот доктор со КОВИД-19 вработен во една приватна здравствена установа во Штип, може да има поврзаност со заразениот таксист од пред неколку дена чија сопруга како медицинска сестра работела во истатата ординација со докторот, но сепак се смета дека тој се заразил од некој пациент.

    Во исто време, во Штип позитивни на коронавирус се и две текстилни работнички. Во Центарот за јавно здравје во Штип ги потврдуваат случаите, но нагласуваат дека докторот и текстилките немале никаква врска затоа што тие имале сосема друг матичен доктор. Докторот бил во домашен карантин, а текстилните работнички се во Инфективното одделение во Штип. Сите тројца се со средно тешка клиничка слика.

    Од Центарот соопштија дека се прават сите анкети и се земаат брисеви од луѓето кои биле со заразените текстилни работнички, а тестови се прават и на членовите на семејството на докторот и на персоналот што работел со него. Можна е анкета и со други лица, затоа што постојат информации дека докторот бил присутен за време на фотографирањето на неговото дете кое одбележувало мала матура. Резултатите од сите тестирања ќе бидат готови во текот на наредните денови.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира