Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе забрани да се возат автомобили во викенди, во интерес на поголема заштита на животната средина. Оваа мерка би стапила на сила во октомври и би била на сила до март.
„Правилото за невозење автомобили би се применувало за викенди или барем во неделите, од октомври до март. Ова би било во интерес на животната средина, децата и старите лица“, изјави Рама.
Тој објави дека оваа недела ќе се укинат ограничувањата за патување низ земјата, што беа воведени поради кризата со коронавирусот.
„Ова ќе биде последната недела во која што ќе важат ограничувањата за Тирана и за другите градови“, кажа Рама, додавајќи дека целосната забрана за возење ќе важи и за следните два викенда.