ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, СО 16 НОВОЗАРАЗЕНИ ВКУПНО ВО ЗЕМЈАВА ИМА 2.014 СЛУЧАИ

    ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, СО 16 НОВОЗАРАЗЕНИ ВКУПНО ВО ЗЕМЈАВА ИМА 2.014 СЛУЧАИДвајца пациенти починаа изминатите 24 часа во „8 Септември“, а еден на Инфективна клиника. (Фото: К. Попов)

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од коронавирус почина пациентка од Велес (78 години), хоспитализирана на 14 мај. Во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент од Тетово (84 години), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76 години) примена на 19 мај, соопшти Министерството за здравство.

    Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на КОВИД-19, и тоа во Скопје 9, во Штип 5, и по еден во Струга и Гостивар. Оздравени за изминатите 24 часа има 14 пациенти, тројца во Скопје и 11 во Тетово.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 2.014, од кои оздравени се 1.453, починати се 116, а во моментов активни се 445.

    Досега во земјата се направени вкупно 25.841 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на коронавирус.

    „Во однос на вкупниот број заболени, воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во Геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг“, велат од Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира