На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа пациент од Струга ( 58 години) и пациент од Скопје ( 47 години) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент од Тетово (41 години) хоспитализиран на 19 мај, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19, и тоа:
– Скопје 14
– Куманово 2
– Штип 4
– Прилеп 1
– Тетово 2
– Струга 1
– Велес 1
За денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти, 11 во Скопје, 4 во Куманово, и по еден во Тетово и во Велес.
Досега во земјата се направени вкупно 26.463 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2.680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува се 2.039 лица, оздравени пациенти се 1.470, на починати е 119, а активни случаи има 450.