НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО МИНЕАПОЛИС ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА УБИ АФРОАМЕРИКАНЕЦ ПРИ ПРИВЕДУВАЊЕТО

    НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО МИНЕАПОЛИС ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА УБИ АФРОАМЕРИКАНЕЦ ПРИ ПРИВЕДУВАЊЕТОПолицијата употреби солзавец на денешните протести додека беше гаѓана со камења (Фото: Гети)

    Полицијата и демонстрантите се судрија во насилните протести во американскиот град Минеаполис, кои уследија по смртта на невооружен Афроамериканец, кој почина при приведувањето.

    Градоначалникот Џејкоб Фреј повика да бидат покренати криминални обвиненија против полицаецот кој со колено го притиснал вратот на 46-годишниот Џорџ Флојд, кој подоцна почина во болница. Четворицата полицајци кои учествуваа во трагичниот инцидент добија отказ, додека ФБИ отвори истрага.

    Џорџ Флојд почина откако полицаец со колено му го притиснал вратот (Фото: принтскрин)

    Стотици луѓе вчера излегоа на улиците на Минеаполис, најавувајќи дека тоа ќе биде мирен протест и дека ќе се почитува социјално дистанцирање, но денеска имаше судири со полицијата, која употреби солзавец откако беше гаѓана со камења.

    „Џорџ Флојд заслужува правда. Неговото семејство и црната заедница заслужуваат правда. Да се биде црн не би требало да значи смртна казна“, изјави Фреј.

    Полицајците кои реагирале на повик за фалсификувани пари му пристапиле на Фреј во неговото возило. На видеото снимено од случаен минувач се гледа како еден од полицајците со колено го притиска вратот на Фреј, кој неколку пати повторува дека не може да дише. Тој со амбулантно возило бил однесен во болница, каде што починал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира