ДВЕ НЕДЕЛИ ОТКАКО СУДОТ ЈА УКИНА НАРЕДБАТА ДА СЕ СЕДИ ДОМА, ВИСКОНСИН ИМА РЕКОРДНА БРОЈКА НОВОЗАРАЗЕНИ И МРТВИ ОД КОВИД-19

    ДВЕ НЕДЕЛИ ОТКАКО СУДОТ ЈА УКИНА НАРЕДБАТА ДА СЕ СЕДИ ДОМА, ВИСКОНСИН ИМА РЕКОРДНА БРОЈКА НОВОЗАРАЗЕНИ И МРТВИ ОД КОВИД-19Властите засега не го поврзуваат зголемувањето на бројките со укинувањето на наредбата (Фото: Милвоки џурнал)

    Две недели откако Врховниот суд на Висконсин ја укина наредбата „побезбедно е дома“ на гувернерот Тони Иверс, оваа американска сојузна држава забележа рекордна бројка новозаразени и мртви од КОВИД-19 во еден ден.

    Во изминатите 24 часа биле потврдени 642 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка заразени досега порасна на 16.565, додека бројот на активни случаи се зголеми за повеќе од 10 отсто.

    Во исто време, уште 22 луѓе починале од КОВИД-19, што исто така е рекордна дневна бројка.

    Властите засега не го поврзуваат зголемувањето на бројките со укинувањето на наредбата и само им порачаа на луѓето да ја одржуваат физичката дистанца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира