Гувернерот на Минесота Тим Валц прогласи вонредна состојба и распореди 500 припадници на Националната гарда во Минеаполис, каде што трет ден по ред се случуваат насилни протести, како реакција на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот додека бил приведуван од полицијата.
Протестите се проширија и на соседниот град Сент Пол, а ги има и во Чикаго, Лос Анџелес и Мемфис.
Демонстрантите ноќеска ја запалија полициската станица во Минеаполис во која што работеле четворицата полицајци кои учествуваа во приведувањето на Флојд. Тие во меѓувреме добиле отказ. Станицата претходно била евакуирана „во интерес на безбедноста на вработените“, кажа портпаролот на полицијата.
„Зборував со гувернерот Валц и му реков дека војската доаѓа. Ќе ја повратиме контролата. Кога почнуваат грабежи, почнување и пукање“, изјави Доналд Трамп.
Валц кажа дека во грабежите и палежите се оштетени голем број бизниси, додека полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои гаѓаа со камења и шишиња.
Протестите почнаа во вторникот, кога стотици граѓани мирно се собраа на местото каде што Флојд беше тешко повреден, за потоа да станат насилни.