НОВОЗАРАЗЕНОТО ЛИЦЕ СО КОРОНАВИРУС ОД ВЕЛЕС Е ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК КОЈ ПОДОЛГО ВРЕМЕ НЕ ОДЕЛ НА РАБОТА

    НОВОЗАРАЗЕНОТО ЛИЦЕ СО КОРОНАВИРУС ОД ВЕЛЕС Е ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК КОЈ ПОДОЛГО ВРЕМЕ НЕ ОДЕЛ НА РАБОТАВо Велешко има 30 активни случаи на коронавирус (Фото: СДК.МК)

    Изминатото деноноќие во Велес е регистриран нов случај на коронавирус, здравствен работник од приватното здравство, кој подолго време не одел на работа.

    „Според епидемиолошката анкета, засега не може да се прецизира на кој кластер припаѓа, бидејќи пациентката не посочила дека имала контакт со заразено лице, а и долго време не одела на работа“, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

    Ова е 30. активен случај на коронавирус во Велешко. Во Велес денеска има еден оздравен, и тоа лице кое престојувало во домашни услови. Доцна синоќа, на Клиниката за инфективни болести во Скопје починал 84-годишен велешанец, кој имал хронично заболување.

    На денешната прес-конференција, градоначалникот Аце Коцевски кажа дека сите вработени во велешките градинки на кои им бил извршен скрининг биле негативни.

    „Две лица од Велес позитивни на КОВИД-19 се наоѓаат на лекување во Скопје. Во Велешко има седум нови, а вкупно 53 лица во изолација и едно во самоизолација, 17 позитивни лица се наоѓаат во домашни услови. Дваесет велешани, повратници од странство, се наоѓаат во државен карантин. Во хотелот ‘Монтенегро‘ престојува трета група македонски државјани повратници од странство, која бори 79 лица“, соопшти Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира