Во Градската општа болница „8 Септември“ од КОВИД-19 почина 60-годишен пациент од Струга (примен во болницата на 22 мај). Евидентиран е пациент од Гостивар (64) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани – 1 и Валандово-1.
Оздравени се 17 пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега, во рамките на скринингот се направени 3.723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.
Во „8 Септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, а со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на коронавирус.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава досега се 2.226, од кои оздравени се 1.552, починати се 133, а активни се 541.
Последната дистрибуција по градови е следната:
Скопје – 841, активни 267
Куманово – 455, активни 45
Дебар – 51, активни 0
Штип – 76, активни 41
Прилеп –211, активни 41
Тетово – 210, активни 78
Струга – 84, активни 14
Велес – 130, активни 30
Битола –28, активни 3
Охрид –23, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –26, активни 6
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка- 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 33, активни 2
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 3, активни 1
Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 0
Делчево-1, активни 0
Валандово -2, активни 1
Виница – 3, активни 1
Кратово-2, активни 0
Берово-1, активни 0
Свети Николе-1, активни 1.
Направените 771 теста се преку Институт за јавно здравје–447, Центар за јавно здравје Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со ПЦР метода -70 и МАНУ -114. Досега во земјата се направени вкупно 29.575 тестирања на КОВИД-19.
Б. НЕСТОРОСКА