ГОЛЕМ ИНТЕРЕС КАЈ ВЕЛЕШАНИ ЗА НАБАВКА НА СУБВЕНЦИОНИРАНИ СОНЧЕВИ КОЛЕКТОРИ И ВЕЛОСИПЕДИ

    ГОЛЕМ ИНТЕРЕС КАЈ ВЕЛЕШАНИ ЗА НАБАВКА НА СУБВЕНЦИОНИРАНИ СОНЧЕВИ КОЛЕКТОРИ И ВЕЛОСИПЕДИЈавниот повик трае еден месец, заклучно со 26 јуни (Фото: СДК.МК)

    За два дена, во локалната самоуправа на Велес биле поднесени 82 апликации за набавка на субвенционирани сончеви колектори и 36 за набавка на субвенционирани велосипеди.

    „Овие информации потврдуваат дека сме на добар пат да ги реализираме стратешките планови за развој на Велес како град на екологија и здрав начин на живот“, кажа градоначалникот Аце Коцевски.

    Јавниот повик трае еден месец, заклучно со 26 јуни и се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. Се субвенционира дел од трошоците направени при купувањето велосипед и сончев термален колектор до 50% од вредноста. За велосипед е до 3.000 денари, додека за сончев колектор не повеќе од 20.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

    Право на добивање субвенции имаат физички лица кои се жители на Општина Велес и притоа не користеле субвенции од страна на државните институции за иста основа. За субвенциите се обезбедени вкупно еден милион денари во општинскиот буџет.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира