Полна Месечина на јагодите вечерва може да се види на небото и таа се совпаѓа со суптилно затемнување на Месечината.
Иако именувана според јагодите, тоа не значи дека Месечината е во црвена или розева боја, туку името доаѓа од фактот што сега е сезоната на берба на јагоди. Кога ќе биде на својот врв, таа ќе изгледа малку позатемнето од обичната полна месечина поради специјалниот, пенумбрален тип на затемнувањето.
Пенумбрално затемнување се случува кога Земјата, Месечината и Сонцето се поставени во иста линија, при што Земјата фрла мала сенка врз Месечината.