НАД 140 НАУЧНИЦИ ПОБАРАА ОД ФЕЈСБУК ДА БИДЕ ПОСТРОГ КОН ШИРЕЊЕТО ДЕЗИНФОРМАЦИИ И НАВРЕДИ

    НАД 140 НАУЧНИЦИ ПОБАРАА ОД ФЕЈСБУК ДА БИДЕ ПОСТРОГ КОН ШИРЕЊЕТО ДЕЗИНФОРМАЦИИ И НАВРЕДИПисмото содржи над 160 потписи, од кои 10% се вработени во фондациите што ги водат Закерберг и неговата сопруга (Фото: АП)

    Повеќе од 140 научници чија работа е финансирана од Марк Закерберг кажаа дека Фејсбук не би смеел да дозволува платформата да се користи за ширење на дезинформации и хушкачки изјави, како што прави Доналд Трамп.

    Меѓу научниците се над 60 професори од водечките американски истражувачки институции и еден нобеловец и тие му испратија заедничко писмо на Закерберг, барајќи од него да „воведе построги правила во однос на дезинформациите и јазикот што им штети на луѓето“, особено поврзано со последните немири за расна неправда во САД.

    „Ширењето на дезинформации и употребата на навредлив јазик се спротивни на нашите цели за користење на технологијата за да се спречат и искоренат болести, да се подобри образованието на децата и да се реформира криминалниот систем. Нашата мисија е спротивна на етиката на некои ставови што ги зазема Фејсбук и затоа го охрабруваме да биде повеќе на страната на вистината и на вистинската страна на историјата“, се вели во писмото.

    Тоа содржи над 160 потписи, од кои 10% се вработени во фондациите што ги водат Закерберг и неговата сопруга Присила Чен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира