Противпожарната бригада на Скопје попладнево изгаси четири пожари предизвикани од земјотресот, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК командантот на бригадата Благоја Менкиновски.
Два пожара се случиле во населбата Аеродром и два во населбата Чаир. Пожарите биле предизвикани од запалени електромотори на лифтовите поради краток спој што бил предизвикан од потресот.
Во моментов пожарите се изгаснати, а сите 240 пожарникари од Скопската бригада се во приправна состојба, изјави Менкиновски.