ОШТЕТЕНИ ЅИДОВИ ВО ГРАДСКА БОЛНИЦА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОШТЕТЕНИ ЅИДОВИ ВО ГРАДСКА БОЛНИЦА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

    Оштетувања од вчерашниот силен земјотрес има и во Градска општа болница-хирургија „Св. Наум Охридски“, каде има испукани ѕидови и прозори и паднати плочки. Екипа на ИЗИИС денеска направила увид на оштетувањата и утврдила дека штетата не е сериозна и нема да пречи во нормалното функционирање на болницата, потврдија од болницата за САКАМДАКАЖАМ.МК.osteten-zid-2 „Има оштетувања на преградните ѕидови. Не е страшно и тоа нема да ни пречи нормално да работиме. Наскоро треба да има обнова на болницата, па ќе биде санирана и оваа штета“, изјави доктор Никола Груев.osteten-zid-1

    Од вчера примените пациенти во болницата со повреди по земјотресот, тројца се оперирани од скршеници и исекотини и се во добра состојба, а 17-мина се третирани амбулантно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира