ИЗИИС ЗАБРАНИЛ ЗА КОРИСТЕЊЕ НЕКОЛКУ УЧИЛНИЦИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ИЗИИС ЗАБРАНИЛ ЗА КОРИСТЕЊЕ НЕКОЛКУ УЧИЛНИЦИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

    Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија Скопје (ИЗИИС) по препорака на Управувачкиот комитет за справување со кризи денеска ги посетуваше училиштата и градинките во Скопско за да ги увиди штетите и можните последици по серијата земјотреси од последните два дена. Како што објави агенцијата Мета, тие посетиле повеќе објекти, а во некои училишта се забранети за користење дел од просториите.

    Како што изјавил за агенцијата Васко Лазаревски, директор на скопското училиште „11 Октомври“, претставници на ИЗИИС биле во тоа училиште и забраниле да се користат две училници.

    „Денеска беа од Институтот за земјотресно инженерство и ги разгледуваа училниците. Во две училници увидоа дека по земјотресот постои опасност за изведување на настава, па ни ги забранија за употреба. Нè известија дека записникот ќе го пратат до Општина Центар, која ќе треба да ги реновира тие училници. Сега имаме проблем во училиштето затоа што Државниот санитарен инспекторат по поплавите ни забрани уште други две училници“, вели Лазаревски.

    По вчерашниот земјотрес со јачина од 5,3 степени, кој ги исплаши скопјани, отворен е посебен телефонски број 195, на кој сите граѓани можат да побараат проценка дали нивните објекти се безбедни за живеење.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира