Пет лица починаа од компликации од КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80 години), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје ( 74 години). Во Градската општа болница „8 Септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73 години) примена на 11 јуни и пациентка ( 45 години) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65 години) хоспитализиран на 6 јуни.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, а вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Новите случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје 46
– Куманово 6
– Штип 6
– Прилеп 2
– Тетово 17
– Струга 9
– Велес 3
– Битола 1
– Охрид 3
– Кавадарци 1
– Гостивар 1
– Струмица 1
– Свети Николе 1
– Ресен 6
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти, 10 во Скопје, 2 во Прилеп и еден во Тетово.
Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на КОВИД-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 4.157, оздравени пациенти се 1.723, починати се 193, а во моментов активни случаи во земјата има 2.241.