МЕДИЦИНСКИ ТИМ ЌЕ ОДИ ВО ПРИДРУЖБА НА ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ ЗА БЕЗБЕДНО ГЛАСАЊЕ НА ЛИЦАТА ВО ИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    МЕДИЦИНСКИ ТИМ ЌЕ ОДИ ВО ПРИДРУЖБА НА ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ ЗА БЕЗБЕДНО ГЛАСАЊЕ НА ЛИЦАТА ВО ИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ФИЛИПЧЕкако ќе се пребројуваат гласовите од лицата во (само)изолација, Филипче кажа дека и за тоа има протокол и оти материјалот, хартијата-гласачко ливче кое може да направи трансмисија на коронавирусот, пенкалата, се што може да биде пренослив предмет на зараза, ќе бидат гледани од дистанца, а ако нешто треба да биде физички допрено, ќе биде со висока заштита од маски, ракавици и други средства(Фото:СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција во Владата, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се договориле предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули, среда, кажа дека гласањето на лицата во самоизолација ќе се одвива во домашни услови.

    „Нудиме на располагање и медицински кадар од локалните центри за јавно здравје во придружба на членовите на избирачките одбори кај лицата во самоизолација, за да го искористат своето избирачко право и да гласаат на денот на изборите“, кажа Филипче.

    На новинарско прашање како ќе се пребројуваат гласовите од лицата во изолација, Филипче кажа дека и за тоа има протокол и оти материјалот, хартијата-гласачко ливче кое може да направи трансмисија на коронавирусот, пенкалата, се што може да биде пренослив предмет на зараза, ќе бидат гледани од дистанца, а ако нешто треба да биде физички допрено, ќе биде со висока заштита од маски, ракавици и други средства.

    Протоколот за гласање во пандемијата со коронaвирус беше изработен и доставен до ДИК пред десетина дена, на барање на претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира