ПЕНДАРОВСКИ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ДО 22 ЈУНИ

    ПЕНДАРОВСКИ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ДО 22 ЈУНИВаквата одлука на претседателот Пендаровски доаѓа откако денеска политичките партии постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули. - Од средбата на Заев и Мицкоски во претседателската вила на 12 јуни (Фото: Претседателски кабинет)

    Претседателот Стево Пендаровски вечерва донесе нова одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба на територијата на целата држава, овојпат со времетраeње од 8 дена. Во соопштението од неговиот кабинет се вели дека одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Северна Македонија, по поднесениот предлог од страна на Владата, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година.

    Ваквата одлука на претседателот Пендаровски доаѓа откако денеска политичките партии постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули.

    „Во таа насока, одлуката за прогласување на вонредна состојба се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на Корона вирусот прогласена од Светската здравствена организација. Вонредната состојба во времетраење од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, да се донесе решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на Државната изборна комисија за одржување на изборите на 15 јули. По постигнатиот политички договор, претседателот Пендаровски очекува институциите навремено да ги преземат сите активности од нивна надлежност со цел квалитетна и комплетна подготовка и спроведување на изборниот процес“, се вели во соопштението.

    Додека трае вонредната состојба, изборните рокови мируваат согласно владината уредба со законска сила од 21 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира