Фуад Бака од Алжир во неделата ја истрча трка на 1.500 метри за само 3 минути и 49.59 секунди на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Тоа е брзо, толку брзо што ако Бака би завршил во тоа време на иcтиот стадион во јули, би го поразил Американецот Метју Сентровиц Џуниор, освојувач на златниот медал на Олимпијадата во Рио. Сентровиц ја истрча трката за 3 минути и 50 секунди.
За жал, Бака не се натпреваруваше на Олимпијада, туку на Параолимпијада, а пред него завршија тројца други.
Тој заврши четврт на машката трка на 1.500 метри – Т12/13 финале, трка за лицата со оштетен вид. Пред него беа бронзениот медалист Хенри Крива од Кенија (3:49.59), сребрениот медалист Тамиру Демису од Етиопија (3:48.59) и златниот медaлист Абделатиф Бака, брат на Фуад, кој освои четврто место (3:48.29).