КОВИД-19 МОЖЕ ДА ГИ УНИШТИ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ДО НЕПРЕПОЗНАТЛИВОСТ, ИЗЈАВИ ИТАЛИЈАНСКИ ЕКСПЕРТ

    КОВИД-19 МОЖЕ ДА ГИ УНИШТИ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ДО НЕПРЕПОЗНАТЛИВОСТ, ИЗЈАВИ ИТАЛИЈАНСКИ ЕКСПЕРТБолеста создава масивно оштетување кај оние што поминале еден месец во болница, вели Мауро Џака (Фото: Гети)

    КОВИД-19 може да ги остави белите дробови на пациентот во целосно непрепознатлива состојба, изјави италијански експерт по кардиоваскуларни науки во излагањето во британскиот парламент.

    Болеста создава толку масивно оштетување кај оние што поминале еден месец во болница што тоа резултира со комплетно нарушување на архитектурата на белите дробови“, кажа Мауро Џака од Кралскиот колеџ во Лондон.

    Тој ги проучувал телата на пациенти кои починале во Италија по повеќе од еден месец престој на интензивна нега и открил големо количество од вирусот во белите дробови. Ова, пак, создава можност за појава на вистински проблеми кај оние кои преживеале.

    Она што го пронајдовме во белите дробови кај овие пациенти е нешто сосема поинакво од нормална пневмонија, грип или САРС. Видовме масивна тромбоза, целосно уништување на белите дробови. Понекогаш беше тешко да се препознае дека станува збор за бели дробови. Има и голема бројка на многу големи фузирани клетки. Убеден сум дека тоа ја објаснува необичната патологија на КОВИД-19. Ова не е болест предизвикана од вирус која убива клетки, што многу ја отежнува терапијата“, изјави Џака.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира