Пет лица починаа по компликации од коронавирус, а од 776 тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 101 нов случај на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Во Градската општа болница „8 Септември“ починаа пациентка од Скопје на 77 годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во ОБ Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.
Новозаболените се од:
– Скопје 57
– Куманово 13
– Дебар 1
– Штип 3
– Тетово 19
– Струга 1
– Велес 1
– Битола 2
– Охрид 1
– Гостивар 1
– Ресен 2
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти, 11 од Скопје, 10 од Тетово и 1 од Велес. Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 5.106, оздравени се 1.926, починати се 238, а активни се 2.942.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2498, активни 1699
• Куманово 692, активни 239
• Дебар 82, активни 30
• Штип 267, активни 210
• Прилеп 231, активни 18
• Тетово 534, активни 325
• Струга 170, активни 90
• Велес 165, активни 32
• Битола 40, активни 11
• Охрид 99, активни 80
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 82, активни 54
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 59, активни 26
• Пробиштип 12, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 14, активни 12
• Кичево 8, активни 5
• Ресен 59, активни 58
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 776 теста се преку: ИЈЗ –346, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена –90, Биотек –130, МАНУ -137, Жан Митрев (Филип Втори) -60 и Судска медицина-0. До праќање на извештајот во ИЈЗ не се стигнати податоци од лабораторијата на Систина. Доколку стигнат, ќе бидат внесени во утрешниот извештај. Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на КОВИД -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациент. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 384
• Аеродром – 130
• Бутел – 140
• Гази Баба – 153
• Центар – 133
• Карпош – 114
• Сарај – 130
• Кисела Вода – 95
• Ѓорче Петров – 77
• Студеничани – 84
• Шуто Оризари – 69
• Арачиново – 55
• Илинден – 30
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 13
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-5
Б. НЕСТОРОСКА