СЈО ДЕНЕСКА ПОДНЕЛО ДВА ОБВИНИТЕЛНИ ПРЕДЛОГА ДО КРИВИЧНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ДЕНЕСКА ПОДНЕЛО ДВА ОБВИНИТЕЛНИ ПРЕДЛОГА ДО КРИВИЧНИОТ СУД

    Денеска СЈО поднело 2 обвинителни предлога до Основниот суд Скопје 1, стои во извештајот што треба во 11 часот да го го презентира Специјалната обвинителка Катица Јанева на прес конференција. До почнувањето на пресот не е познато против кого се обвинителните предлози, a поднесени се против 21 лице.

    Вториот шестмесечен извештај на ова обвинителство е на 16 страни. Обвинителката до вечерва ќе треба извештајот да го достави и до Собранието и да им се подели на сите пратеници. Извештајот прво ќе треба да го разгледа собраниската комисија за политички систем, а потоа ќе се закаже седница на собранието за расправа. СЈО е обврзано на секои шест месеци да дава отчет до Собранието и до Советот на јавните обвинители за активностите, финансиите, кадровската екипираност, вклучително и напредокот во истрагите. Датумот на поднесување на вториот извештај – 15 септември, се поклопува со годинишнината од формирањето на СЈО што беше оврска од Договорот од Пржино.

    Првиот извештај Јанева го испрати на 15. Март, но не го образложи лично во Советот на јавни обвинители и во Собранието, за што беше критикувана од Советот и пратениците на власта. Јанева рече дека согласно законот, таа не е обврзана лично да го презентира сработеното и ги повика сите кои имаат некакви прашања да се обратат дирекно во СЈО. В петок, обвинителите од СЈО ќе треба да присуствуваат и на рочиштето за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски. Последното рочиште за „Пуч“ се одржа на 2 март.

    Специјалната обвинителката тогаш побара одложување на расправата бидејќи, како што рече, на судењата не доаѓа сведокот кој е оштетен во случајот и дека од судот не им се доставени копии од списите и електронските докази што им се потребни за да ги подготват воведните говори. Јанева тогаш не го кажа името на сведокот, но јасно е дека станува збор за поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Следното рочиште беше закажано за 3 мај, но тоа воопшто не се одржа бидејќи во меѓувреме претседателот Ѓорге Иванов аболираше 56 политичари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира