ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ ЗАТВОРЕН ЗА СРПСКИТЕ ТУРИСТИ, ПОМИНАА САМО НАЈБРЗИТЕ ВЕДНАШ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ

    ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ ЗАТВОРЕН ЗА СРПСКИТЕ ТУРИСТИ, ПОМИНАА САМО НАЈБРЗИТЕ ВЕДНАШ ПОСЛЕ ПОЛНОЌСрпските медиуми јавуваат преминот би можел да остане затворен до 15 јули (Фото: Профимедија)

    Граничниот премин Евзони денеска повторно беше затворен за српските туристи и влез во Грција им беше дозволен само преку Бугарија.

    Откако патнички автомобили и автобуси со српски туристи утрово без проблеми ја минуваа границата, таа во 10:30 часот беше затворена.

    „Очекуваме да добиеме образложение од грчките власти во врска со затворањето на граничниот премин. Автомобилите и автобусите цела ноќ влегуваа во Грција, за границата да биде затворена во 10:30 часот. Ни стигна некакво нејасно известување дека од Северна Македонија во Грција можат да влезат само оние кои имаат пасош на Европска Унија“, изјави директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ.

    Српските медиуми јавуваат дека, неофицијално, преминот ќе остане затворен до 15 јули.

    Србија се најде на листата земји чии државјани од денеска можат да патуваат во Европска Унија, но некои држави како Австрија, Германија и Словенија сѐ уште не ја усвоиле оваа препорака.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира