ПЛАЌАМЕ ДАВАЧКИ ЗА ТАКСИ СТОЈАЛИШТАТА, А ЦЕЛО ВРЕМЕ НИ ГИ УЗУРПИРААТ, СЕ ЖАЛАТ ВЕЛЕШКИТЕ ТАКСИСТИ

    ПЛАЌАМЕ ДАВАЧКИ ЗА ТАКСИ СТОЈАЛИШТАТА, А ЦЕЛО ВРЕМЕ НИ ГИ УЗУРПИРААТ, СЕ ЖАЛАТ ВЕЛЕШКИТЕ ТАКСИСТИЛокалната власт на Велес признава дека тешко се воведува ред во сегашната ситуација (Фото: СДК.МК)

    Велешките таксисти реагираат што такси стојалиштата наменети за нив ги користат останатите учесници во сообраќајот. Тие велат дека немаат услови за работа, иако сите давачки кон локалната власт се подмирени и ги имаат потребните документи.

    „Деновиве ја платив давачката од 9.000 денари за одржување на такси стојалиште. Но, џабе, кога во најголем број случаи просторот не можам да го користам. Или е зафатен од диви таксисти, кои не плаќаат или од други учесници во сообраќајот. И нема место за нас, па полицијата нѐ брка ако застанеме надвор од нив, но не ги брка тие што не треба да се паркираат таму“, велат таксистите.

    Додаваат дека посебно лоша е состојбата околу пазарот во пазарните денови, кога таму има голем број нелегални такси возила, некои и без регистарски таблички.

    „Тешко оди. МВР има редуциран број на вработени поради ковид-19 состојбата. Таксистите се во право. Нашата сообраќајна инспекција треба да оди на терен со сообраќајна полиција, УЈП, со трудова и пазарна инспекција за да се воведе ред, што тешко се организира. По наша реакција, некое време има ред, но потоа се продолжува по старо. Што е до нас, ќе сториме сѐ за на легалните таксисти да им овозможиме услови за работа, за што платиле лиценци“, кажа градоначалникот Аце Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира