ДЕМОНСТРАНТИТЕ РАСТЕРАНИ СО СОЛЗАВЕЦ И ПАЛКИ И НА ВТОРАТА ВЕЧЕР ОД ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД, НА УЛИЦА ИЗЛЕГОА И ОКЛОПНИ ВОЗИЛА

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ РАСТЕРАНИ СО СОЛЗАВЕЦ И ПАЛКИ И НА ВТОРАТА ВЕЧЕР ОД ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД, НА УЛИЦА ИЗЛЕГОА И ОКЛОПНИ ВОЗИЛАСобирот пред парламентот стана тензичен откако беа фрлени факели и шишиња кон полицијата (Фото: Тањуг)

    Српската полиција употреби солзавец и палки и на втората вечер од протестите во Белград, поттикнати од вчерашната најава на претседателот Александар Вучиќ дека ќе врати полициски час и други рестриктивни мерки поради кризата со коронавирусот. На улиците на Белград се распоредени и оклопни полициски возила.

    Освен Белград, денеска се протестира и на улиците на Ниш, Крагуевац и Нови Сад, каде што беа каменувани зградата на државната телевизија и просториите на Српската напредна партија.

    Во почетокот мирниот протест пред зградата на српскиот парламент се вжешти откако беа фрлени факели и шишиња кон полицијата, која возврати со солзавец. Како што објави „Н1“, жандармеријата потоа тргна во јуриш и со палки ги растера демонстрантите, меѓу кои има повредени, вклучувајќи го и лидерот на партијата Двери, Бошко Обрадовиќ.

    Претходно беше нападнат и Сергеј Трифуновиќ, актер и лидер на Движењето на слободни граѓани.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира