Турскиот суд го прифати барањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган и го поништи статусот на музеј на Аја Софија во Истанбул, една од најатрактивните светски туристички дестинации, и дозволи да стане џамија.
Овој потег се смета за контроверзен, со оглед на тоа дека 1.500 години старата Аја Софија, првично била основана како црква, а за време на Отоманската империја била џамија. Музеј станува во 1934.
Аја Софија е светско културно наследство заштитено од УНЕСКО, од каде ја предупредија Турција да не го менува статусот без дискусии.