50.000 ОНКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ И ТРЕТМАНИ ОДЛОЖЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    50.000 ОНКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ И ТРЕТМАНИ ОДЛОЖЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТВо периодот до јуни не биле спроведени една четвртина од планираните операции (Фото: ДПА)

    Десетици илјади онколошки операции, терапии и скрининзи се одложени во Германија поради епидемијата на коронавирусот, објави фондацијата „Кребсхилфе“.

    „Одложувањата не биле медицински оправдани во сите случаи“, вели извршниот директор на фондацијата Герд Нетекофен.

    Според фондацијата, до средина на јуни биле одложени околу 50.000 операции и третмани.

    „Тоа е огромна бројка. Речиси една четвртина од планираните онколошки операции не се случиле во тој период. И придружните мерки за пациентите понекогаш биле екстремно намалени во клиниките“, вели Нетекофен.

    Тој додава дека често се одложуваат и терапии и прегледи.

    „Тоа може да има фатални последици за пациентите“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира