ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ, 88 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 973 ТЕСТОВИ

    ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ, 88 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 973 ТЕСТОВИТри лица починаа во изминатите 24 часа по компликации од ковид-19, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип.- Возило на Брза помош пред Клиничкиот центар Скопје. (Фото: К. Попов)

    Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип по компликации од ковид-19, а во последните 24 часа се направени 973 тестирања и регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, објави Министерството за здравство. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во болницата во Штип е почината пациентка на 76 годишна возраст.

    Новите случаи на ковид-19 се во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

    Во „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, Пробиштип-1, Кичево -1, Ресен-4, Неготино-1.

    Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупнo ковид дијагностицирани во земјава има 8.197,оздравени се 4.326,  починати се 385, а а активни се 3.486.

    Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 3878, активни 1788
    • Куманово 862, активни 194
    • Дебар 151, активни 89
    • Штип 457, активни 178
    • Прилеп 301, активни 64
    • Тетово 871, активни 292
    • Струга 330, активни 171
    • Велес 203, активни 33
    • Битола 71, активни 28
    • Охрид 227, активни 135
    • Кавадарци 26, активни 18
    • Гостивар 230, активни 144
    • Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 24, активни 16
    • Крива Паланка 19, активни 9
    • Радовиш 8, активни 4
    • Крушево 12, активни 7
    • Кочани 77, активни 13
    • Пробиштип 37, активни 24
    • Демир Хисар 8, активни 7
    • Македонски Брод 8, активни 4
    • Пехчево 6, активни 1
    • Берово 4, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 4, активни 1
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 7, активни 4
    • Свети Николе 118, активни 111
    • Кичево 81, активни 69
    • Ресен 137, активни 77
    • Неготино 21, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 973 теста се преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -97, Жан Митрев (Филип Втори) –110, Систина со ПЦР метода -140, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-20.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 302
    • Аеродром – 162
    • Бутел – 135
    • Гази Баба – 199
    • Центар – 138
    • Карпош – 145
    • Сарај – 118
    • Кисела Вода – 107
    • Ѓорче Петров – 113
    • Студеничани – 116
    • Шуто Оризари – 83
    • Арачиново – 42
    • Илинден – 23
    • Петровец – 20
    • Чучер Сандево – 11
    • Сопиште – 12
    • Зелениково- 15
    • Странец – 6
    • Нераспределен- 41

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира