4 ПОЧИНАТИ, 198 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 1.382 ТЕСТОВИ

    4 ПОЧИНАТИ, 198 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 1.382 ТЕСТОВИВкупнo ковид дијагностицирани вo земјава има 8.530, оздравени се 4.565, починати се 393, а активни се 3.572.- Возило на Брза помош во Клиничкиот центар Скопје. (Фото: К. Попов)

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица пациенти на возраст од 49, 61, 70 и 72 години и тоа еден од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово, а во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, и регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19, објави Министерството за здравство.

    Новите случаи се регистрирани во: Скопје 83, Куманово 12, Дебар 1, Штип 21, Прилеп 2, Тетово 9, Струга 3, Велес 2, Битола 11, Охрид 3, Гостивар 10, Радовиш 7, Кочани 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 3, Свети Николе 27 и во Кичево 1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 2 деца суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 90 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица и тоа во Скопје 71, Штип 7, Тетово 12, Велес 1, Битола 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Кичево 1 и во Ресен 2.

    Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупнo ковид дијагностицирани вo земјава има 8.530, оздравени се 4.565, починати се 393, а активни се 3.572.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 4.035, активни 1.804
    • Куманово 880, активни 212
    • Дебар 154, активни 92
    • Штип 484, активни 195
    • Прилеп 304, активни 64
    • Тетово 894, активни 286
    • Струга 340, активни 166
    • Велес 205, активни 34
    • Битола 84, активни 40
    • Охрид 230, активни 122
    • Кавадарци 27, активни 19
    • Гостивар 250, активни 157
    • Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
    • Струмица 24, активни 16
    • Крива Паланка 19, активни 8
    • Радовиш 15, активни 11
    • Крушево 12, активни 7
    • Кочани 78, активни 12
    • Пробиштип 39, активни 24
    • Демир Хисар 11, активни 10
    • Македонски Брод 9, активни 5
    • Пехчево 6, активни 1
    • Берово 4, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 4, активни 1
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 9, активни 1
    • Свети Николе 147, активни 134
    • Кичево 85, активни 71
    • Ресен 139, активни 73
    • Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.382 теста се преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-163, Биотек- 96, МАНУ -159, Жан Митрев (Филип Втори) –223, Систина со ПЦР метода -160, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-38, КИБФС (Инфективна клиника) -1.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира