Кластерот со позитивни на ковид-19 поврзан со работна организација е од текстилна фабрика во Битола, соопштија од Министерството за здравство. Вчера петмина од 11 новозаболени беа од овој кластер. Уште по првите два позитивни случаи фабриката престана со работа и ги испрати вработените на одмор.
„Од Центарот за јавно здравје Битола информираат дека кластерот е од текстилата фабрика. По првите два позитивни случаи по препорака на епидемиолог фабриката престана со работа и ги испрати работниците на двонеделен колективен одмор. Во меѓувреме направена е целосна дезинфекција на објектот и договорено е пред почнување со работа на објектот, епидемиолог да направи увид и проверка на протоколите за работа и движење на работниците“, стои во соопштението на Министерството за здравство.
Во Битола покрај кластерот поврзан со текстилната фабрика има и три други семејни кластери. Од 84 заболени од почетокот на пандемијата, во Битола активни случаи има само 40.
Ж. ЗДРАВКОВСКА