ВО СВЕТОТ ЗА ПРВПАТ РЕГИСТРИРАНИ ЧЕТВРТ МИЛИОН НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЕДЕН ДЕН

    ВО СВЕТОТ ЗА ПРВПАТ РЕГИСТРИРАНИ ЧЕТВРТ МИЛИОН НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЕДЕН ДЕННајголем пораст на бројот на заразени бележат САД, Бразил, Индија и Јужна Африка (Фото: АП)

    Првпат од почетокот на пандемијата, во светот се регистрирани повеќе од 250.000 нови случаи на коронавирус во еден ден, објави Светската здравствена организација, додека починале 7.360, што е најголема бројка од 10 мај.

    Вкупната бројка заразени досега изнесува над 14 милиони, од кои 601.000 починале, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

    Најголем пораст на бројот на заразени бележат САД, Бразил, Индија и Јужна Африка.

    Во САД, заразата забрзано се шири во неколку сојузни држави, особено на југот, каде што во почетокот не сакаа да воведат карантин и задолжително носење маска. Флорида е нов епицентар на епидемијата во САД, откако вчера имаше над 10.000 новозаразени. Болниците предупредуваат дека немаат место на интензивна нега и дека веќе не можат да примат нови пациенти.

    СЗО кажа дека бројот на нови случаи во Бразил веќе не расте експоненцијално, додека во Индија, врвот се очекува дури за неколку месеци, а болниците во Мумбај и Бенгалуру се веќе преполни со пациенти.

    Со повеќе од 350.000 заразени, Јужна Африка сега е петтата најпогодена држава на светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира