ИЗЛЕТАЛ ПАТНИЧКИ ВОЗ КАЈ СТАНИЦАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“, ПОВРЕДЕНИ НЕМА

    ИЗЛЕТАЛ ПАТНИЧКИ ВОЗ КАЈ СТАНИЦАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“, ПОВРЕДЕНИ НЕМАДали причината за излетувањето е топлото време и проширените шини или крадците кои украле шрафови од пругата, како што упатени тврдат, ќе се знае по увидот на екипа МЖ Инфраструктура. (архивска фотографија)

    Патнички воз на влезот во железничката станица Јане Сандански вчераутро излетал од шините, нема повредени и причинета е мала материјална штета. Во патничкиот воз, локомотива и еден патнички вагон, кој сообраќал од Кочани за Скопје имало околу дваесетина патници. Бидејќи возот влегувал во железничка станица возел со мала брзина. Настанот е евидентиран во полицискиот билтен и МВР денес информираше за него.

    „На 22 јули околу 8.25 часот било пријавено дека на влез на Железничка станица ‘Јане Сандански’ во Скопје, патнички воз, кој сообраќал на релација Кочани- Скопје, со предните тркала од локомотивата излегол од шините, по што удрил во метален столб. Во незгодата нема повредени лица“, информираа од МВР.

    Дали причината за излетувањето е топлото време и проширените шини или крадците кои украле шрафови од пругата, како што упатени тврдат, ќе се знае по увидот на екипа МЖ Инфраструктура.

    „Денес е врши увид, комисијата е на терен, која ќе ја утврди причината зошто се случило излетувањето“, кажаа од МЖ Инфраструктура.

    Железничкиот сообраќај на релацијата од Скопје кон Велес бил во прекин пет и пол часа, до 14 часот вчера.

    П.ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира