ТАЛАТ ЏАФЕРИ ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА, ПОТВРДИЈА ОД ДУИ

    ТАЛАТ ЏАФЕРИ ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА, ПОТВРДИЈА ОД ДУИНиту од ДУИ, ни од Инфективната клиника некој кажува дали Џафери е заразен со коронавирус. Сопартијците само знаат оти тој не се чувствува добро (Фото:СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од ДУИ.  Од таму велат дека бил примен во болница откако неколку дена имал здравствени потешкотии.

    Во партијата немаат повеќе информации ни зошто е примен, ни како се чувствува Џафери. Велат дека им кажал дека е истоштен од кампањата.

    За 20-ина дена сметајќи од понеделник, кога се очекува ДИК да ги прогласи официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори, Џафери треба да ја закаже конститутивната седница на Собранието.

    Двајца министри од ДУИ, за образование Арбр Адеми и за економија Крешник Бектеши, вчера и завчера објавија дека се позитивни на ковид-19.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира