ИЛЈАДНИЦИ УНГАРЦИ ПРОТЕСТИРАА ПО СМЕНАТА НА ГЛАВНИОТ УРЕДНИК НА НАЈВЛИЈАТЕЛНИОТ НЕЗАВИСЕН МЕДИУМ ВО ЗЕМЈАТА

    ИЛЈАДНИЦИ УНГАРЦИ ПРОТЕСТИРАА ПО СМЕНАТА НА ГЛАВНИОТ УРЕДНИК НА НАЈВЛИЈАТЕЛНИОТ НЕЗАВИСЕН МЕДИУМ ВО ЗЕМЈАТАУнгарците сметаат дека пристапот до информациите во земјата станува загрозен (Фото: Ројтерс)

    Илјадници Унгарци протестираа пред резиденцијата на премиерот Виктор Орбан поради постојаните владини напади врз слободата на медиумите, што кулминираше со смената на главниот уредник на водечкиот независен сајт во земјата. „Индекс“.

    Тројца уредници и повеќе од 80 новинари на „Индекс“, што се речиси сите вработени, вчера поднесоа оставки, обвинувајќи ја владата дека се обидува да го уништи или скроти сајтот. Неговиот сопственик претходно одби да го врати на функција сменетиот главен уредник Саболч Дул.

    „Ние не сме овдека зашто го сакаме ‘Индекс‘, се собравме зашто пристапот до информациите е загрозен“, изјави 30-годишниот Иштван, еден од учесниците на протестот кој почна пред редакцијата на сајтот.

    „Индекс“, чиј уредник Дул беше отпуштен во вторникот, важи за еден од последните влијателни независни медиуми во Унгарија. Во изминатата деценија, приврзаниците на Орбан постепено преземаа контрола врз независните медиуми во Унгарија, која е рангирана на 89. место на листата земји според слободата на медиумите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира