СО НОВИТЕ 152 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ВКУПНАТА БРОЈКА НА ЗАБОЛЕНИ НАДМИНА 10.000, НЕМА ПОЧИНАТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА

    СО НОВИТЕ 152 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ВКУПНАТА БРОЈКА НА ЗАБОЛЕНИ НАДМИНА 10.000, НЕМА ПОЧИНАТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСАВо Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Нема починати пациенти во изминатите 24 часа од компликации од коронавирус, а од 1.077 тестирања, регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 , соопшти Министерството за здравство.

    Новите случаи се од : Скопје-39, Куманово-20, Дебар-8, Штип-14,Прилеп-1,Тетово-9, Струга-13, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-15, Гевгелија-3, Струмица-4, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 8 пациенти суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Оздравени се 70 пациенти од: Скопје-23, Куманово-8, Штип-6, Тетово-10, Гостивар-10, Свети Николе-13.

    Вкупно ковид дијагностицирани земјава има 10.086, оздравеа 5.427, починаа 460, а активни се 4.199.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 4607, активни 1935
    • Куманово 987, активни 282
    • Дебар 193, активни 125
    • Штип 732, активни 380
    • Прилеп 322, активни 52
    • Тетово 992, активни 283
    • Струга 415, активни 206
    • Велес 212, активни 21
    • Битола 114, активни 60
    • Охрид 262, активни 111
    • Кавадарци 38, активни 21
    • Гостивар 372, активни 223
    • Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
    • Струмица 35, активни 24
    • Крива Паланка 22, активни 8
    • Радовиш 28, активни 23
    • Крушево 15, активни 9
    • Кочани 94, активни 24
    • Пробиштип 47, активни 28
    • Демир Хисар 24, активни 22
    • Македонски Брод 12, активни 8
    • Пехчево 6, активни 0
    • Берово 4, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 5, активни 1
    • Делчево 5, активни 4 (*1 лице од ПЕ Делчево е од Македонска Каменица)
    • Кратово 13, активни 8
    • Свети Николе 216, активни 188
    • Кичево 120, активни 93
    • Ресен 143, активни 45
    • Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1077 теста се преку: ИЈЗ-667, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-138, Биотек-78, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-8, Систина со ПЦР метода -99, Судска медицина -1, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-3, ГАК-15. Досега во земјата се направени вкупно 95.169 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 271
    • Аеродром – 212
    • Бутел – 138
    • Гази Баба – 198
    • Центар – 161
    • Карпош – 174
    • Сарај – 114
    • Кисела Вода – 179
    • Ѓорче Петров – 129
    • Студеничани – 99
    • Шуто Оризари – 126
    • Арачиново – 34
    • Илинден – 26
    • Петровец – 23
    • Чучер Сандево – 11
    • Сопиште – 21
    • Зелениково- 9
    • Странец – 8
    • Нераспределен- 2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира