ЗЕМЈАВА Е ВО ЖОЛТА ФАЗА СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40 СТЕПЕНИ, В САБОТА ДОЖД

    ЗЕМЈАВА Е ВО ЖОЛТА ФАЗА СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40 СТЕПЕНИ, В САБОТА ДОЖДВ сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела повторно ќе се стабилизира времето. (Фото: К. Попов)

    Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето во земјава ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени, и предупредува дека целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

    Министерството за здравство препорачува дека е потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:

    •  Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;
    •  Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;
    • Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна;
    • Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;
    •  При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

    На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

    Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и јадење веднаш по подготовката.

    „Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури“, додаваат од Министерството.

    В сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира