165 ВАКЦИНИ СЕ РАЗВИВААТ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ, 27 СЕ ТЕСТИРААТ НА ЛУЃЕ, А ПРВИТЕ ВАКЦИНИ ЗА ИТНА УПОТРЕБА СЕ НАЈАВУВААТ ЗА ОКТОМВРИ

    165 ВАКЦИНИ СЕ РАЗВИВААТ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ, 27 СЕ ТЕСТИРААТ НА ЛУЃЕ, А ПРВИТЕ ВАКЦИНИ ЗА ИТНА УПОТРЕБА СЕ НАЈАВУВААТ ЗА ОКТОМВРИАмериканскиот весник „Њујорк тајмс“ направи преглед на сите вакцини кои што стигнале до фаза на тестирање на луѓе и ги издвои најветувачките вакцини.

    Научниците ширум светот развиваат повеќе од 165 вакцини против коронавирусот и 27 од нив веќе се тестираат на луѓе. За вакцините да стигнат во фаза на тестирање на луѓе обично се потребни години истражувања и други тестови, но во овој случај научниците брзаат да произведат безбедна и ефективна вакцина до следната година.  Работата на вакцините почна во јануари со дешифрирањето на геномот на коронавирусот.

    Првите тестови на луѓе почнаа во март, но крајниот исход е сè уште неизвесен. Некои од тестовите нема да успеат, некои ќе завршат без јасен резултат. Но, неколку можеби ќе успеат да го стимулираат имуниот систем да произведува ефективни антитела против коронавирусот.

    Американскиот весник „Њујорк тајмс“ направи преглед на сите вакцини кои што стигнале до фаза на тестирање на луѓе и ги издвои најветувачките вакцини.

    Од генетските вакцини, кои што користат еден или повеќе гени на коронавирусот за да испровоцираат одговор од имуниот систем, најдалеку е стигната вакцината на американската компанија „Модерна“. Во партнерство со Националните здравствените институти, вакцината на „Модерна“ се покажа како успешна по тестовите на мајмуни. Вакцината е стигната до третата фаза, која што е последна пред добивање одобрение од регулаторните тела. Во третата фаза, вакцината на „Модерна“ се тестира на 30.000 доброволци од 89 места во САД.

    Од вакцините со вирален вектор, кои што користат вирус да внесат гени на коронавирусот во клетките за да испровоцираат одговор на имуниот систем, најдалеку со развојот е вакцината на британско-шведската компанија „АстраЗенека“ и универзитетот „Оксфорд“. Таа е базирана на аденовирус присутен кај шимпанза и тестовите на мајмуни беа успешни. Вакцината сега е во комбинирана втора/трета фаза на тестови во Англија и Индија и во трета фаза во Бразил и Јужна Африка. Проектот може да донесе вакцина за итна употреба до октомври.

    Од вакцините базирани на протеини, во втора фаза тестови е вакцината на кинеската компанија „Анхуи Џифеи Лонком“. Компанијата ја развива вакцината во соработка со Кинеската академија на медицински науки.

    Од вакцините со цел вирус, кои што користат ослабена или неактивна верзија на вирусот за да испровоцираат одговор на имуниот систем, во трета фаза тестови е вакцината на државната кинеска компанија „Синофарм“. Вакцината се тестира од минатиот месец и во Обединетите Арапски Емирати, а прв волонтер беше тамошниот министер за здравство. Првиот човек на „Синофарм“ за кинеските медиуми кажа дека вакцината може да биде спремна за јавна употреба до крајот на годината.

    Од пренаменетите вакцини, во трета фаза тестови е вакцината на австралискиот Детски институт за истражувања „Мардок“. Тие тестираат вакцина против туберкулоза развиена на почетокот на минатиот век во обид да откријат дали таа барем делумно штити и од коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира