ЛИБАНЦИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ НЕСОВЕСНОСТА НА ВЛАДАТА ШТО ДОВЕДЕ ДО ЕКСПЛОЗИЈАТА ШТО УБИ 137 ЛУЃЕ

    ЛИБАНЦИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ НЕСОВЕСНОСТА НА ВЛАДАТА ШТО ДОВЕДЕ ДО ЕКСПЛОЗИЈАТА ШТО УБИ 137 ЛУЃЕДемонстрантите се лути на катастрофалната експлозија што се случи во вторникот, во која загинаа најмалку 137 лица, а повредени се околу 5.000. (Фото: Ројтерс)

    Десетици демонстранти беа разбркани со солзавец од полицијата, на синоќешните антивладини протести во близина на парламентот во Бејрут. Демонстрантите се лути на катастрофалната експлозија што се случи во вторникот, за која официјалните власти велат дека е предизвикана од 2.750 тони амониум нитрат што од 2013 било складирано на небезбеден начин кај пристаништето. Многумина во Либан коментираат дека несовесноста на Владата довела до експлозијата, во која загинаа најмалку 137 лица, а повредени се околу 5.000.

    Експлозијата уништи цели области во главниот град, а десетици лица сè уште се водат за исчезнати.
    Државната новинска агенција соопшти дека 16 лица се приведени во рамките на истрагата што ја најави Владата по експоозијата.

    По експлозијата, двајца функционери си поднесоа оставки. Пратеникот Марван Хамадед се повлече во средата, додека амбасадорот на Либан во Јордан Трејси Чамун се повлече во четвртокот, изјавувајќи дека катастрофата ја покажа потребата за промена во водството.

    Бејрут вчера го посети францускиот претседател Емануел Макрон, кој повика на меѓународна истрага и кажа дека на државата ѝ треба „длабока промена“ од властите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира