ОСУМ ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ И 44 УАПСЕНИ ХУЛИГАНИ ВО ТЕПАЧКИТЕ ПРЕД БЕЛГРАДСКОТО ФУДБАЛСКО ДЕРБИ

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Белград,(Блиц)

    ОСУМ ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ И 44 УАПСЕНИ ХУЛИГАНИ ВО ТЕПАЧКИТЕ ПРЕД БЕЛГРАДСКОТО ФУДБАЛСКО ДЕРБИ

    Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ соопшти дека осум полицајци се повредени и 44 хулигани се уапсени за време на тепачките пред денешниот фудбалски натпревар Партизан-Црвена Звезда во Белград.

    „Една група навивачи на Црвена Звезда за малку ќе убиеше едно момче. Не сфаќам каква поента има некој да го изгуби животот за да покажат дека го сакаат својот клуб. Не е дозволено да се руши оваа земја, да се убива и да се претепува само затоа што некој навива за друг клуб – изјави Стефановиќ за српските медиуми.

    Првата тепачка се случи кај железничката станица Прокоп, откако во трамвај со навивачи на Партизан се качија навивачи на Звезда, кои извадија надвор еден ривалски фан и го претепаа среде улица. Втората тепачка се случи во населбата Сењак, каде традиционално се собираат навивачите на Звезда пред натпреварите. Околу илјада од нив тргнаа оттаму и првин се пресметаа со противничките навивачи, а потоа и со полицијата, која интервенираше да ги раздели.

    Натпреварот на стадионот на Партизан, еден од најздодевните во историјата на белградските дербија, заврши со победа на домашниот тим од 1:0 со голот на Леонардо во 89. минута.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира