МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА ТРЕБА ДА ГО ДОРАБОТИ ПРОТОКОЛОТ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ГРАДИНКИТЕ, ВЕЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА ТРЕБА ДА ГО ДОРАБОТИ ПРОТОКОЛОТ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ГРАДИНКИТЕ, ВЕЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИГрадинките, како и училиштата, се затворени од 10 март како мерка за заштита од ширење на коронавирусот. (Фото: К. Попов)

    Министерството за труд и социјална политика (МТСП) треба да ги доработи протоколите за отворање на градинките, па после ќе се донесе одлука, соопшти Министерството за здравство.

    „Денес на Комисијата за заразни болести беа присутни и претставници на Министерството за труд и социјална политика и се разгледуваа и се разговараше и за протоколите за почеток на работењето на градинките. Заклучокот беше дека дел од протоколите треба да се доработат од страна на МТСП, да се разгледаат и потоа да се донесе одлука во врска со почеток на работењето на градинките“, велат од кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче.

    Градинките, како и училиштата, се затворени од 10 март како мерка за заштита од ширење на коронавирусот. Во мај им беше направен скрининг на вработените во градинките низ цела земја, но отворањето се одложи откако почна да расте бројот на новозаболени.

    Вработените во градинките деновиве ги известуваат родителите на децата дека за враќање во градинка, двајцата родители ќе треба да донесат потврда дека е неопходно нивното физичко присуство на работа и потврда од матичен лекар за здравствената состојба на детето. Предност ќе имаат самохраните родители, а исто така наведуваат дека комисија ќе одлучува кои деца ќе одат во градинка, со оглед на тоа дека една група може да има максимално 15 или 16 деца.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира