КОРОНАВИРУСОТ СЕГА НАЈМНОГУ ГО ШИРАТ ЛИЦАТА ВО 20-ТИ, 30-ТИ И 40-ТИ ГОДИНИ, ВЕЛИ СЗО

    КОРОНАВИРУСОТ СЕГА НАЈМНОГУ ГО ШИРАТ ЛИЦАТА ВО 20-ТИ, 30-ТИ И 40-ТИ ГОДИНИ, ВЕЛИ СЗОЛуѓе стојат во редица пред ноќен клуб во Хелсинки откако Финска ги укина рестрикциите за рестораните, баровите и дискотеките (Фото: Ројтерс)

    Светската здравствена организација изрази загриженост дека коронавирусот сега најмногу го шират лицата во свои 20-ти, 30-ти и 40-ти години, при што повеќето од нив не се свесни дека се заразени, со што претставуваат опасност за ранливите групи.

    Бројката млади меѓу заразените значително пораснала на светско ниво, што особено ги става во ризик старите и болните лица во густо населените области со слаб здравствен систем.

    „Епидемијата се менува. Луѓе во 20-ти, 30-ти и 40-ти години забрзано го шират вирусот. Многумина не се ни свесни дека се заразени, што претставува ризик за поранливите категории“, изјави Такеши Касаи, директорот на СЗО за регионот Западен Пацифик.

    Порастот на бројот на нови случаи принуди некои земји повторно да воведат рестриктивни мерки, што важи и за земји кои досега го држеа вирусот под контрола, како Австралија, Нов Зеланд и Виетнам.

    „Она што го гледаме сега е сигнал дека влегуваме во нова фаза од пандемијата“, вели Касаи, додавајќи дека СЗО ги набљудува мутациите на коронавирусот, но тој засега е релативно стабилен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира