НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ КОИ НЕМА ДА СЕ ПРЕФРЛАТ ОД ЕУРОСТАНДАРД ВО ДРУГА БАНКА ДО 25 АВГУСТ АВГУСТОВСКИТЕ ПЕНЗИИ ЌЕ ИМ БИДАТ ПРЕФРЛЕНИ ПОДОЦНА ВО СЕПТЕМВРИ

    НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ КОИ НЕМА ДА СЕ ПРЕФРЛАТ ОД ЕУРОСТАНДАРД ВО ДРУГА БАНКА ДО 25 АВГУСТ АВГУСТОВСКИТЕ ПЕНЗИИ ЌЕ ИМ БИДАТ ПРЕФРЛЕНИ ПОДОЦНА ВО СЕПТЕМВРИНародна банка ѝ ја укина дозволата за работа на Еуростандард банка на 12 август. (Фото: К. Попов)

    На оние корисници на пензиите кои досега ги користеа услугите на Еуростандард Банка АД и кои до 25 август нема да успеат да отворат трансакциски сметки во другите банки августовските пензии ќе им бидат префрлени подоцна во септември, откако Владата на вчерашната седница го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и им препорача на деловните банки да обезбедат други дополнителни редовни исплати за корисниците на пензии кои се префрлени од Еуростандард Банка АД Скопје во другите деловни банки. Овие граѓани ќе можат да располагаат со августовските пензии на 7 септември, 14 септември и 25 септември.

    Редовната исплата на пензиите ќе се врши во четири етапи, и тоа: во среда, на 26.08.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари; во четврток, на 27.08.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; во понеделник, на 31.08.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари; во вторник, на 01.09.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

    Народна банка ѝ ја укина дозволата за работа на Еуростандард банка на 12 август, a за 8 октомври е закажано првото судско рочиште за стечајната постапка за банката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира