КОМАНДАНТОТ НА ХОЛАНДСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ, АДМИРАЛ БАУЕР, ВО ТРИДНЕВНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

    КОМАНДАНТОТ НА ХОЛАНДСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ, АДМИРАЛ БАУЕР, ВО ТРИДНЕВНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈАПосетата на адмиралот Роб Бауер претставува и одбележување на членството на Република Северна Македонија во НАТО. (Фото: Холандска амбасада)

    Командантот на вооружените сили на Холандија, адмиралот Роберт Бауер, денес ја започнува тридневната службена посета на Северна Македонија, соопшти Холандската амбасада во Скопје.

    За време на посетата, тој ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и неговиот колега, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

    Една од темите за дискусија ќе биде понатамошното унапредување во контекст на НАТО на успешната соработка во областа на одбраната која меѓу нашите две држави постои од 1997 година. Посетата воедно претставува и одбележување на членството на Република Северна Македонија во НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира