СТАРОТО МАТИЧНО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ СЕ РЕНОВИРА И ЌЕ ГО КОРИСТАТ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

    СТАРОТО МАТИЧНО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ СЕ РЕНОВИРА И ЌЕ ГО КОРИСТАТ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИСтарото матично во задниот дел од бараките на Општина Центар беше затворено за венчавки откако беа отворени Порта Македонија и Музејот на ВМРО, каде беше префрлено венчавањето. (Фото: Општина Центар)

    Старото и руиниранo матично во Општина Центар во Скопје ќе го користат невладини и младински организации. Општина Центар распиша тендер за реновирање на објектот што ќе опфаќа нова фасада и покрив, внатрешно уредување, реконструкција на санитарен јазол, промена на внатрешниот водовод, реконструкција на фекалната канализација, нови санитарии, ново електрично осветлување, телефонско и компјутерско вмрежување, видеомониторинг систем и громобранска и противпожарна инсталација.

    „Дел од просториите ќе се користат и за потребите на Општината. Работите ќе започнат веднаш кога се одбере фирмата изведувач и се очекува да завршат до Нова година”, велат од Општина Центар.

    Целиот зафат ќе чини околу 6 милиони денари. Дел од средствата се добиени како донација од УНДП и Швајцарска агенција за развој и соработка, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, а дел се сопствени средства од буџетот на Општина Центар.

    Старото матично во задниот дел од бараките на Општина Центар беше затворено за венчавки откако беа отворени Порта Македонија и Музејот на ВМРО, каде беше префрлено венчавањето.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира